Голем народен уметник, легенда на македонската народна песна – Никола Бадев. Несомнено, иако од 1976 година физички не е повеќе меѓу нас, Никола Бадев живее преку песната, живее во сеќавањата на неговите современици, живее во срцата на сите љубители на македонската народна песна. Со својот кадифен глас тој испеа безброј песни... Глас пребогат во нијансиите, недостижен во вокалното вајање, мелизмите... Секоја песна испеана од него претставува бисер одронат од неговата благородна душа што зборува за личност од која зрачеше топлина, благост, осет, музикалност. Репертоарот на Никола Бадев е обемен и разновиден. За музичката продукција на Радио Скопје, односно МРТ има снимено...
Никола Бадев( 1918 - 1976) е несомнено еден од најпознатите и најомилените пејачи на убавата македонска песна. За Никола Бадев со почит може да се каже дека и како човек и како уметник е дел од нашето битие. Секое навраќање во незаборавникот за него,го проширува видокругот на неговата творечка и уметничка величина. Репертоарот на Никола Бадев е обемен и разновиден.За музичката продукција на Радио Скопје,односно МРТ, има снимено над 200 песни,соло и во дует ( како и свои авторски )со најразлични содржини,од лирско љубовни,шеговити,комитски,партизански, па се до печалбарски, кои секогаш со посебно доживување и возбуда ги интерпретирал. Тој е подеднакво уметник како во...
И после многу поминати години, ликот и делото на бардот на македонскиот мелос се уште трае. Со својата интерпретација остави неизбришливи траги во нашето македонско песнопојно творештво, ги испеа најлирските песни, ги разбуди најдлабоките чувства на слушателите. Со цел да остане засекогаш запеметен во историјата на македонската изворна песна, во негова чест се одржуваат концерти, фестивали, се доделуваат награди, снимени се многу документарни радио и телевизиски емисии. Во родниот град на Бадев, Кавадарци, откриена е и спомен-биста со неговиот лик. Во негова чест во Кавадарци секоја година се одржува традиционална манифестација "Вечер на песната и виното - Никола Бадев"