Никола Бадев( 1918 - 1976) е несомнено еден од најпознатите и најомилените пејачи на убавата македонска песна. За Никола Бадев со почит може да се каже дека и како човек и како уметник е дел од нашето битие. Секое навраќање во незаборавникот за него,го проширува видокругот на неговата творечка и уметничка величина. Репертоарот на Никола Бадев е обемен и разновиден.За музичката продукција на Радио Скопје,односно МРТ, има снимено над 200 песни,соло и во дует ( како и свои авторски )со најразлични содржини,од лирско љубовни,шеговити,комитски,партизански, па се до печалбарски, кои секогаш со посебно доживување и возбуда ги интерпретирал. Тој е подеднакво уметник како во интерпретирањето на изворните така и на градските и старогратските песни,при што песните од родната Тиквешија заземаат посебен простор. Првите снимки на магнетофонска лента за музичката продукција на Радио Скопје ги направил на 5 август 1955година со на песните ; До три ми пушки пукнаа, Мама Тоде учеше, Залајала црна кучка, Петлите пејат ден ми се дени и Нели го видовте Асанеја. За прв пат во дует снимал ( на 5 септември 1955) со Мирвет Беловска.Тоа е песната; Каранфило дивојко. Потоа реализирал снимки во дует и со Драгица Николова,Анка Гиева и Васка Илиева. Бадев има снимано над 100 грамофонски плочи за дискографските куќи од поранешна Југославија. Првата е реализирана во 1952 година за ;Југотон; од Загреб со песната; Тешка беше нашата разделба (Збогом мила). Во својот пејачки век има настапувано на многубројни концерти воМакедонила,со оркестри на Радио Скопје,со други ансамбли,како и на многубројни концерти и на просторите на поранешна Југославија. Добитник е на златна плоча на фестивалот на народна музика ;Илиџа; во 1964 година. Чест гостин бил на концертите на ансамблот -Танец-, на фолклорните друштва од Скопје и од земјава,како и на фолклорните ансамбли од Белград,Сараево,Загреб и други.



Збирка народни песни на Никола Бадев - 1


Збирка народни песни на Никола Бадев - 2


Збирка народни песни на Никола Бадев - 3


Никола Бадев Монографија


Mелографски записи