
Голем народен уметник, легенда на македонската народна песна – Никола Бадев. Несомнено, иако од 1976 година физички не е повеќе меѓу нас, Никола Бадев живее преку песната, живее во сеќавањата на неговите современици, живее во срцата на сите љубители на македонската народна песна.
Со својот кадифен глас тој испеа безброј песни... Глас пребогат во нијансиите, недостижен во вокалното вајање, мелизмите... Секоја песна испеана од него претставува бисер одронат од неговата благородна душа што зборува за личност од која зрачеше топлина, благост, осет, музикалност.
Репертоарот на Никола Бадев е обемен и разновиден. За музичката продукција на Радио Скопје, односно МРТ има снимено...